Зидан: Нема да ги „наполниме панталоните“

Дерби

24/04/2018

21:25

1.869

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид утре ќе му гостува на Баерн Минхен во првиот од двата натпревари во полуфиналната рунда на Лигата на шампионите, а тренерот Зинедин Зидан вечерва ја одржа и последната прес-конференција како најава за дерби средбата.

Французинот испорача многу комплименти за неговиот постар колега Јуп Хајнкес и потенцираше дека е свесен дека неговиот тим го очекуваат два тешки натпревари.

– Во моментов не размислуваме да ја освоиме Лигата на шампионите, туку да одиграме добро против Баерн Минхен. Моите фудбалери сакаат вакви натпревари, подготвени сме да дадеме 150 проценти во Минхен. Во ДНА на клубот се ваквите предизвици, научени сме да играме големи натпрвари и сигурно нема да ги „наполниме панталоните“, – истакнал Зидан.

Тренерот на Реал повторно зборуваше и за заминување на Хамес Родригез во Баерн Минхен.

– Не сакав Хамес да замине, но тој сакаше поголема минутажа и јас го разбирам тоа. Се работи за одличен фудбалер, немав никакви проблеми со него, но тренерската работа е неблагодарна бидејќи не можеш да ги користиш подеднакво сите фудбалери, – изјавил тренерот на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг