"Живиот Кен" на операции потрошил повеќе од 500.000 евра, а поради една работа многу се кае...

Точка

21/04/2018

15:13

8.956

Големина на фонт

а а а

Родриго се прошетал на плажата во Мајами со раскопчана кошула, но неговото тело уште не е такво како што тој го замислува.


Живиот Кен или Човечкиот Кен, како што го нарекуваат 34-годишниот Родриго Алвес, на операции потрошил повеќе од половина милион евра, за да изгледа како познатата кукла. 

Родриго на почетокот на годината извадил четири ребра за да изгледа послабо и поубаво, но признал дека поради тоа многу се кае.

"Имам болки навечер. Не е неиздржливо, но е неподносливо и константно ми е во глава, па сега се прашувам зошто ми беше тоа потребно. Ми останаа две лузни на грбот, но најлошо од се е што воопшто не се чувствувам полесен од порано", изјавил Родриго за "Daily Mail".

Алвес по отстранувањето на 11. и 12. ребро морал долго да носи корсет и воопшто да не го соблекува, за да го постигне својот сон и да има тенка половина и да ја носи својата омилена облека.

"Но изгледам послабо само кога носам корсет на себе. Кога ќе го соблечам, се чувствувам како порано", рекол незадоволниот Родригез, кој прошетал со своите стомачни мускули на плажите во Мајами. Станува збор за импланти на кои потрошил повеќе од 25.000 евра.

Носел раскопчана кошула, но и минијатурни гаќички за капење со метални украси од страните...

Родриго моментално е во Америка, каде веќе има закажани гостувања во телевизиски емисии и разни серии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг