ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги крие информациите за „Монструм“

Макфакс

21/04/2018

12:26

702

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев на семејствата на брутално егзекутираните момчиња на Велики четврток им ја вети вистината, а сега ги крие информациите со кого од неговата коалиција контактирале убијците, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев додека го дегустираше своето вино во опуштена атмосфера со Харадинај, ниту еднаш не помисли на семејствата на жртвите од случајот ‘Монструм’ и не се обиде да го искористи својот авторитет кај неговиот колега Харадинај за екстрадиција на убијците во бегство Демири и Исмаиловиќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковското езеро. Со месеци, велат од таму, тој бесрамно ги лажеше и манипулираше семејствата на жртвите на масакарот.

„СДСМ и Зоран Заев го искористија на најсрамен начин за собирање на политички поени овој грозоморен настан. Пред изборите ги лажеше родителите на убиените како и целата македонска јавноста дека ќе ја соопшти вистината за Смилковското езеро. Сега кога седна во премиерската фотелја Заев ги заборави своите ветувања. Сега тој срамно ја крие вистината. Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и да се тргне од патот на правдата. Единствено нешто што се промени со случајот ‘Монструм’ откако Заев е премиер е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што предвидуваше тиранската платформа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг