Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ ако тоа го побара судот

Макфакс

21/04/2018

12:18

1.020

Големина на фонт

а а а

Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев. Во врска со изјавите на семејствата на убиените деца и обвинувањата против него дека ги крие бомбите за „Монструм“, Заев рече дека сите материјали се предадени од страна СДСМ до надлежните.

Во однос на тврдењата за разговор помеѓу Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот, и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, Заев посочи дека во бомбите имало разговор меѓу нив во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Како што рече, тоа им го кажал и на родителите на убиените момчиња. Заев додаде дека нема намера да биде истражител и дека остава на судот да си ја работи работата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го обвини Заев дека крие информации за „Монструм“. „Пред изборите ги лажеше родителите на убиените како и целата македонска јавноста дека ќе ја соопшти вистината за Смилковското езеро. Сега кога седна во премиерската фотелја Заев ги заборави своите ветувања. Сега тој срамно ја крие вистината. Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и да се тргне од патот на правдата. Единствено нешто што се промени со случајот ‘Монструм’ откако Заев е премиер е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што предвидуваше тиранската платформа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг