Таа е прогласена за најубава жена на светот, а изгледа потполно поинакво од “совршените убавици”

Точка

21/04/2018

11:02

7.977

Големина на фонт

а а а

Списанието “People” оваа година, помеѓу бројните славни убавици, за најубава жена на светот ја прогласи пејачката Пинк.

Пред неа, со оваа титула се закитија Никол Кидман, Џулија Робертс и Кејт Хадсон, а оваа година на насловната страница се најде Пинк со своите две деца – петгодишната Вилоу Сејџ и едногодишниот син Џејмс Мун. 

Иако можеби не ги задоволува стандардите на она што се смета за совршена убавина, Пинк оваа година покажа дека тие стандарди се променети.

Во интервјуто кај Елен Деџенерис, пејачката открила како се чувствувала по добивање на оваа ласкава титула.

“Умирав од смеа. Веднаш им се обратив на сите кои беа со мене во просторијата и ги прашав дали некогаш помислиле дека може да биде подобро од ова”, раскажала Пинк.


Таа се пошегувала дека за ова прогласување се сепак заслужни нејзините деца, но заклучила дека ѝ се допаѓа како се менуваат стандардите за убавина.

“Не мислам дека на 13-годишната јас би ѝ било гајле, но ми се допаѓа како работите се менуваат. Нема ништо лошо во убавината и нема ништо лошо во внатрешната убавина. Надворешната убавина доаѓа во различни бои и големини. Убаво е она што ви е убаво вам”, раскажала Пинк.

Елен ѝ честитала за титулата и ѝ врачила тијара и букет цвеќиња како вистинска кралица на убавината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг