Јанакиески на суд за Сончев град

Макфакс

20/04/2018

09:37

1.150

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во Сопиште.

Претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, на минатото рочиште не дозволи да биде изземен судискиот совет кој одлучува во предметот. Изземање на судиите побараа адвокатите Еленко Миланов и Сања Алексиќ повикувајќи се на изјавата на обвинителката Катица Јанева дека во прислушуваните телефонски разговори има и разговори помеѓу судии.

Според обвинението, Јанакиески спротивно на Законот за јавни набавки составил комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“ во износ од еден милион евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг