И западните медиуми ја потврдиле местенката во Сирија?: Ја посетиле Дума, а мештаните ги шокирале со изјавите

Точка

19/04/2018

09:48

11.442

Големина на фонт

а а а

Телевизијата "RT" пренесува дека, по посетата на новинарите на Дума и разговорите со локалното население, и водечките медиуми од Западот почнале да се сомневаат во тезата за тоа дали хемискиот напад на 7. април воопшто се случил.

Меѓу нив се третата по големина светска агенција "France Presse" и "Independent", еден од четирите највлијателни британски дневници. 

Во видео извештајот на француски јазик, "AFP" разговара со Маван Џабер, студент по медицина кој бил сведок на последиците од наводниот напад.

"Некои од жртвите патеа од астма и воспаление на белите дробови. Добија стандардна терапија, а некои беа пуштени дома. Не покажуваа никакви симптоми од хемиски напад. Но, некои странци се појавија таму додека бевме во хаос и ги прскаа луѓето со вода, а некои од нив тоа и го снимаа", рекол Џабер.

Изјавата на Џабер се поклопува со тоа што на британскиот новинар Роберт Фикс му го кажал лекарот од Дума, Асим Рахајбани. Иако докторот Рахајбани не присуствувал лично на тоа што се случило во клиниката, тој рекол дека "сите лекари со кои работел знаат што се случило".

Рахајбани тврди дека жестокото гранатирање кренало облаци од прашина кои ги исполниле подрумите во кои луѓето се криеле.

"Почнаа да доаѓаат луѓе кои патат од хипоксија, губење на кислород. Тогаш некој вратата, член на "Белите шлемови", викна: Гас!, па почна паника. Луѓето почнаа да се поливаат со вода. Да, видеото е снимено тука, автентично е, но тоа што го гледате се луѓе кои патат од хипоксија, а не од труење со гас", рекол Рахајбани. 

Фиск во текстот за "Independent" наведува дека мештаните со кои разговарал никогаш не поверувале во приказните за напад со гас. Тие изразиле уверување дека приказните за труење со гас ги рашириле исламистичките групи кои во заробеништво држеле илјадници луѓе во Гута пред сириските сили да ја ослободат во април.

Покрај тоа, телевизискиот канал во сопственост на германската компанија "RTL" навел дека не е јасно дали нападот воопшто се случил, со оглед на тоа дека жителите со кои разговарале рекле дека не почувствувале никаков мирис на хемикалии. Само еден човек им рекол дека почувствувал чуден мирис, но дека му било добро по една чаша вода, додека само еден човек, рекол дека почувствувал мирис на хлор.

Локалниот доктор рекол: "Во саботата, пред една седмица, лечевме луѓе кои имаа проблеми со дишењето, но не поради хлор или труење со гас, туку поради поразлични симптоми".

Сите овие сведоштва се косат со исказите на две лица за "гасен напад" кои ги пренеле западните медиуми и владите. Истите тие луѓе во разговор со припадниците на руската армија рекле дека не знаеле дека ќе бидат искористени во кампања.

"Работевме и не обративме внимание на тоа кој не снима. Не снимаа, па влета човек и почна да вика дека ова е хемиски напад...Луѓето се исплашија почнаа да се прскаат со вода и да користат инхалатори. Лекарите ни кажаа дека нема никакво хемиско труење", рекле тие.

##https://twitter.com/StanM3/status/986236411798933505##



Спонзорирани линкови

Маркетинг