СДСМ: Со безусловната препорака Македонија се врати меѓу напредните и модерни држави

Макфакс

18/04/2018

10:42

625

Големина на фонт

а а а

Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија што Македонија ја доби од Европската Комисија е потврда за успешноста на реформскиот процес што Владата предводена од СДСМ го води во последните 10 месеци, велат од владејачката партија.

„После две условени препораки, Македонија повеќе не е категоризирана како заробена држава, туку како држава која преку започнатите реформи повторно се враќа онаму кадешто и вредносно и цивилизациски припаѓа – во друштво на модерните, напредни и развиени европски држави“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат дека позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани.

„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат зацртаните мерки коишто обезбедуваат економски раст, независни институции и владеење на правото и остануваат силно посветени на евроинтегративниот процес на државата којшто е врвен државен и национален интерес“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг