Пејачката во центар на скандал: Поранешната менаџерка ја тужи за сексуално злоставување

Точка

17/04/2018

14:46

8.534

Големина на фонт

а а а

Како што наведува Стела Булочников Стоплер, споменатата менаџерка, популарната пејачка пред неа константно шетала гола.


Стела навела дека Мараја Кери често шетала гола или полугола пред неа, како и дека во нејзино присуство правела "непристојни сексуални" работи. 

Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната менаџерка на Мараја подготвува и тужба, додека тимот на пејачката тужбите ги нарекува "неосновани".

Стела во тужбата ќе наведе дека Марија има проблем со зависноста, и дека не ги зема редовно своите лекови за биполарно пореметување.

Таа наведува и дека на суд ќе тврди дека пејачката неправедно ја отпуштила, додека трае договорот кој бил потпишан на три години, но и дека ќе и даде шанса да ги "поправи работите" пред да одат на суд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг