Проговорил човекот кого се обиделе да го убијат со отров во ориз: "Русија е најголема закана на Европа во 21. век"

Точка

04/04/2018

18:21

12.170

Големина на фонт

а а а

Јушченко воопшто не се сомнева дека руски агенти го отруле Скрипал и вели дека светот мора одлучно и обединето да реагира на руската империјалистичка политика.

Поранешниот украински претседател, Виктор Јушченко се потсетил на драматичниот период за време на претседателските избор во Украина пред 14 години, кога бил отруен со диоксин, отровна хемикалија поради која се борел за сопствениот живот. 

"Сопругата ми кажа дека усните ми имаат вкус на метал"

Јушченко со "BBC" зборувал за скандалот со труењето на поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал, за што Британците ја обвинуваат Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин.

Јушченко во разговорот истакнал дека се надева дека Европа ќе се разбуди и ќе ја сфати заканата која доаѓа од Русија, а потоа во неколку детали се потсетил на денот кога се обиделе да го отрујат.

Тоа било, како што вели, на состанокот со шефот на безбедносните служби и неговиот заменик. "Кога дојдов дома, сопругата ме бакна, а потоа ми кажа дека усните ми имаат вкус на метал".

Јушченко раскажал дека истрагата покажала дека отровот се наоѓал во оризот кој му бил послужен за вечера. Јушченко за местото претседател на Украина се борел против Виктор Јанукович, тогашен украински премиер, зад кој тогаш стоела Москва.

"Главата драматично ми се зголеми. Болката се ширеше по целото тело"

Јушченко бил итно пренесен во болница во Виена, каде било дијагностицирано дека е отруен со диоксин. "Отидов во Австрија и вториот или третиот ден моето тело почна да отекува. Главата драматично ми се зголеми. Болката се ширеше по целото тело. На кожата ми се појавуваа воспаленија и рани", вели тој.

И покрај обидот за убиство, Јушченко победил на изборите во 2004. година.

"Најголемата закана за Европа е средновековната политика која Русија ја користи во 21. век", заклучил Јушченко за "BBC".

"Не се сомневам дека Русија е одговорна за нападот на Скрипал, а би сакал Западот, посебно Европските влади да не се сомневаат во тоа", рекол во интервју за "Sky News" Јушченко. Го поздравува протерувањето на бројни руски дипломати, но истакнува дека тоа нема да биде доволно.

"Тоа е само застрашувачка реприза на тоа што гледавме во Украина"

"Руската политика минатите 15 години е опасна. Секако дека мораме да разговараме за дипломатски акции, но треба да земеме во предвид и воени, безбедносни, економски и други акции", истакнува поранешниот украински претседател, додавајќи дека светот би морал брзо, одлучно и обединето да реагира на сите руски агресивни потези.

Неговата сопруга Катарина истакнува дека тактиката на хибридна војна која Русија ја води во светот е иста како онаа која пред многу години ја водела во Украина.

"Зборуваме за труење, лажни вести, финансирање на радикални групи и политички партии. Повторно ја гледаме истата работа. Тоа е само застрашувачка реприза на тоа што го гледавме во Украина", вели Катарина Јушченко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг