Како да се ослободите од вишокот килограми по бременоста

Точка

30/03/2018

13:14

7.809

Големина на фонт

а а а

Речиси сите жени размислуваат за тоа како да се ослободат од вишокот килограми со кои се стекнале во текот на бременоста. Периодот кога бебето ќе дојде на свет и животот се претвора во рутина, е одлично време за да се изгубат вишокот килограми.

Ако сѐ уште не знаете како да го изведете тоа, ние ќе ви предложиме неколку фукнционални решенија.

1. Почнете да се движите


Многу жени по породувањето се чувствуваат изморени и мислат дека немаат доволно време да размислуваат за некоја поинаква физичка активност. Ова е многу нормално и очекувано, бидејќи во првите шест недели по породувањето, телото на жената и не е подготвено за некои сериозни активности. Сепак, пешачењето ако не друго ќе ви биде од голема помош. Погрижете се да се движите барем половина час секој ден.

2. Тренинзи за сила


Губењето на вишокот килограми по бременоста е загарантирано доколку практикувате тренинзи кои вклучуваат вежбање со тегови и употреба на поголема сила. Доколку немате никакви постпородилни проблеми, вашето тело ќе биде подготвено за посериозни вежби веќе шест недели по породувањето. Со помош на овие тренинзи, вие ќе го забрзате вашиот метаболизам на најефективен начин.

3. Најважниот елемент до постигнувањето на вашата цел е исхраната


Не одете веднаш со престроги диети. На жените им се потребни околу 1200 калории дневно за да останат здрави, а на некои жени им е потребно и повеќе од тоа. Доколку доите, потребни ви се приближно 1800 калории за да ги задоволите вашите, а и потребите на бебето.


Сега кога обврските се зголемени, ви се чини дека некогаш е тешко да најдете време за да јадете. Прескокнување на оброците значи и намалување на нивото на енергија, а тоа нема да ви помогне да ги отстраните вишокот килограми. Многу мајки се изјасниле дека исхранувањето со два-три помали оброци дневно и две ужинки во меѓувреме, најдобро ги задоволува нивните апетити и одговара на нивниот сега „понабиен“ распоред. Еден од главните проблеми е тоа што тие немаат време да ги подготвуваат сите оброци во денот.


Денес, решението на овој проблем е лесно достапно бидејки постојат заменски оброци кои во целост ви ги даваат сите прехрамбени вредности кои ви се потребни. Pro Fit храната е наменета токму за оние кои се соочуваат со овој проблем. Мали протеински оброци во вид на супи, шејкови, чипсови, пудинзи, палачинки, протеински бисквити и протеински кранчови. Колку и да не звучи вистинито дека чипс или пудинг може да биде здрава исхрана, оваа храна е навистина решението кое ќе ви помогне да се ослободите од прекумерната тежина и ќе ве одржи здрави.


Уште еден многу важен момент е во ниеден случај да не го прескокнувате појадокот, а истото важи и за другите оброци. Но повеќе ставаме акцент на појадокот бидејќи тој го покренува метаболичкиот систем и ви дава најмногу енергија. Еден Pro-Fit шејк за појадок е сосем доволен за да го стартувате денот здраво и да ги внесете потребните хранливи вредности.





Спонзорирани линкови

Маркетинг