Нискокалорична диета: Патот до ослободување од вишокот килограми

Точка

20/02/2018

09:46

13.568

Големина на фонт

а а а

Сигурно сте се запрашале како најдобро да ја одржите совршената тежина? Одговорот е всушност многу едноставен. Потребно е да се создаде баланс помеѓу енергијата која ја внесувате преку исхраната и количеството енергија кое телото го троши во текот на денот.



Сигурно се запрашувате за начините кои можат да го олеснат тој пат? Диетите чија основа е минимална консумација на калории може да се поделат на: Нискокалорични диети LCD (Low Calorie Diet) кои инсисираат на консумирање од 800 до 1200 калории дневно и Многу нискокалорични диети VLCD (Very Low Calorie Diet) кои препорачуваат внес на помалку од 800 калории дневно.

Вториот начин на слабеење е најчесто под медицински надзор и трае неколку недели, а во некои случаи и неколку месеци. Оваа програма е најчесто препорачана за луѓе кои имаат повисок индекс на телесна маса од 30 (BMI). Всушност, по овој режим може да се водат и лица кои имаат индекс на телесна маса помеѓу 27-30 BMI (Body Mass Index), но само ако веќе страдаат од некое заболување кое е резултат на прекумерна тежина (пр: Хипертензија).


Ваквиот начин на исхрана не е соодветен за деца во развој и адолесценти (освен во случај на програма за слабеење под надзор и по препорака на стручни лица). Особена претпазливост е потребна кај индивидуи кои покажуваат знаци на некоја посериозна болест или кај оние кои веќе примаат лекарства за третман на некое хронично заболување.

Денес кога се зборува за нискокалорична диета, најчесто се мисли на релативно краткотраен режим за брзо намалување на килограмите (1,5 - 2,5 кг. неделно) и сето тоа додека уживате во храна која стои како замена на целосен оброк. Ваквиот оброк мора да биде добро искомпониран од аспект на потребните нутритивни вредности. Повеќето од продуктите кои денес ги наоѓаме како заменски оброци се всушност несоодветни за ниско-енергична диета. Како такви, тие можат да заменат само еден или два оброка дневно бидејки не содржат доволно енергетски и хранливи вредности кои му се потребни на телото за нормално фукционирање во периодот на слабеење.

Протеинската храна е многу важна за нашето тело, бидејки тоа е единствениот начин да се заштитите од загуба на мускулна маса. Исто така, уште еден начин преку кој може да го намалите ризикот за загуба на чистата мускулна маса е вежбањето. Сепак, тоа служи само како помош низ овој процес во кој акцентот е ставен на храната.

Со шест оброци од nuMe шејковите или супите за слабеење, кои го содржат колагенот како основна намирница, вие внесувате најмалку 70 грама протеин во текот на денот. Покрај протеинот, nuMe оброците го содржат и количеството на хранливи влакна кое е потребно за добра дигестија и забрзување на вашиот метаболизам. На тој начин, оваа храна ги отстранува проблемите на опстипација која неретко се јавува кај високопротеинските диети. Кога станува збор за хранливите суплементи, особено внимание треба да се посвети на потребната консумација на витамини и минерали бидејки нашето тело мора да биде поткрепено од истите во процесот на оваа диета.

Во NuMe храната за слабеење, чија основа е колагенот, ги добивате сите неопходни хранливи вредности. Витамините, минералите и другите нутритиенти кои му се потребни на телото во процесот на здраво слабењее се во потполност содржани во овие оброци. Оброците на NuMe се целосниот извор на храна која е потребна во една ваква многу ниско калорична диета, т.е. консумација на помалку од 800 калории дневно.

Дневното мени, кое содржи шест помали порции на храна, ви помага да се адаптирате на сосема нов начин на исхрана и да ги промените претходно стекнатите навики во однос на јадењето. Исто така, ги намалува пропорциите на стомакот при што и потребата за јадење станува значително помала. NuMe е програма која делува брзо, но за разлика од другите брзи диети, NuMe ги менува вашите навики и потреби на долгорочен план. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг