Се предвидува дека нивото на реката Сена уште повеќе ќе порасне во текот на викендот, а нивото на водата би можело да се крене за неколку метри од вообичаеното.
Домовите и компаниите покрај реката Сена во Париз се на високо ниво на претпазливост, бидејќи надојдената река се заканува дека ќе се излее од своето корито. Некои подруми во градот веќе се поплавени откако реката по обилните дождови почнала да се излива, јавува "BBC".
#CrueSeine à Paris : les images vues du ciel filmées par les services de la @prefpolice à l'aide d'un drone pic.twitter.com/q5N9j8PPbN
— Préfecture de Police (@prefpolice) January 26, 2018
Дури четири метри повисоко ниво на водата
Се предвидува дека нивото на реката Сена уште повеќе ќе порасне во текот на викендот, а нивото на водата би можело да се крене за неколку метри од вообичаеното. Многу патишта во регионот веќе се поплавени, а бродскиот сообраќај, вклучувајќи ги и познатите париски туристички бродови, исто така имаат проблеми. Се очекува дека нивото на водата ќе порасне и до шест метри, што е барем четири метри повеќе од нормалата. Статуата на Кримскиот војник, позната како "Zouave", веќе долго се користи како мерило на новото на Сена во Париз. Во петокот водата дошла до средината на статуата, што е многу високо. Во 1910-тите години, водата дошла дури до вратот на војникот, а го поплавила градот на дури два месеци.
Појава на стаорци во градот
Возовите не сообраќаат до следната недела, а музејот Лувр во меѓувреме бил затворен. Во предградието Вилнев-Сент-Жорж, некои од жителите поради водата морале да се движат со чамци, а поради поплавите има се повеќе стаорци низ градот.
Според француските метеоролози, овој период е трет најдождлив во историјата на мерењето во Франција. Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго рекла дека градот се носи со овој проблем, но поплавите заедно со топлинските бранови од минатото лето го поставуваат прашањето како градот во иднина ќе се носи со климатските промени. Хидалго предупредила дека високото ниво на водата ќе се одржи и следната недела.