Вечерва активни се девет пожари во Македонија

A1ON.MK

08/07/2025

22:03

271

Големина на фонт

а а а

До 21.30 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, локализирани се два, а изгаснати се 16 пожари.

Активни пожари има во: Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки) Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал) Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен) Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација) Желино – Горна Лешница (шумски пожар)

Локализирани се пожарите во Делчево – градска депонија (депонија) и во Македонски Брод – с. Рамне (шумски пожар).