Радикална промена: Девојката врколак го избричила лицето и прв пат покажала како всушност изгледа

Точка

04/01/2018

14:51

26.948

Големина на фонт

а а а

Девојката која во 2010-тата година влегла во Гинисовата книга на рекорди како "највлакнеста личност на светот", на социјалните мрежи објавила интересна фотографија и покажала како изгледа без огромната брада која и го криела лицето.

Суматра Сусупхан од Тајланд боледува од синдромот Амбрас и од раното детство го добила прекарот "девојка врколак". Се верува дека од тој синдром патат 50-тина луѓе во светот. 

Иако била предмет на исмејување, девојката со својата одлучност и ментална сила ги воодушевила сите околу себе. Откако влегла во Гинисовата книга на рекорди, дури и ѝ тргнало во животот. Рекла дека наеднаш луѓето кон неа станале пољубезни, а во училиште станала многу популарна.

"Не сакам да се бричам. Ова ме прави посебна", рекла Суматра кратко откако станала славна.

Сепак, седум години подоцна Суматра се одлучила на радикален пресврт. Ги избричила влакната од своето лице и веднаш објавила фотографија на Фејсбук. Со неа на фотографијата бил нејзиниот сопруг.

"Ти не си мојата прва љубов, ти си љубовта на мојот живот", напишала Суматра покрај фотографијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг