Кралот на телевизорите: LG наскоро претставува 88-инчен 8K OLED екран

Точка

03/01/2018

18:20

4.094

Големина на фонт

а а а

LG ќе ја збогати својата гама на телевизори со нов модел кој ќе го добие импресивниот екран кој ќе биде претставен наскоро на саемот Consumer Electronics Show.

Станува збор за импресивен OLED екран од 88 инчи и 8К резолуција кој потоа ќе биде дел од најголемиот OLED телевизор кој ќе ја има најголемата резолуција на пазарот и според многумина ќе биде „кралот на телевизорите“.

LG има намера да го претстави наследникот на постоечкиот 77-инчен екран со 4К резолуција, а цената по која што ќе се продава засега не е позната.


Како што веќе е познато, 77-инчниот OLED телевизор на LG моментално чини 20 илјади долари. Самсунг исто така има телевизор со 88-инчен екран чија што цена изнесува 20 илјади долари, меѓутоа истиот се базира на QLED технологија. И во овој случај станува збор за екран со 4К резолуција, а квалитетот на сликата и кај двата екрани е врвен.

Инаку, во меѓувреме на пазарот 4К OLED екраните стануват се попристапни, а содржината во 4К резолуција се побогата. Со појавата на првиот 8К телевизор на LG, ситуацијата уште повеќе ќе се промени и се очекува голем пад на цените на OLED телевизорите на пазарот.