Куче искаса маж во Сопиште

Макфакс

15/12/2017

12:34

584

Големина на фонт

а а а

34-годишен скопјанец пријавил во полиција дека го искасало куче во Сопиште.

Според информациите на МВР, вчера А.А.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот на улица Христо Татарчев во близина на зградата на општина Сопиште бил каснат од страна на куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во последните неколку денови до полицијата стигнаа повеќе пријави од граѓани дека биле нападнати и искасани од кучиња.