Уште еден новооснован клуб се придружи на асоцијацијата „Лајонс светски најголема на "сервисни" клубови. Со членство од околу 1.500.000 луѓе во 46.000 клубови, во 210 држави, во регионот и светот, таа е единствена асоцијација која има свој претставник во ООН.
По тој повод на 8-ми Декември во ресторанот „Маракана“ се одржа прослава на која се додели Повелбата за прием во меѓународната асоцијација на новиот 45-ти „Лајонс“клуб во „Дистрикт 132“ Македонија.
На чело на новиот „Лајонс“ клуб „Скопје Камен Мост“, односно негова претседателка ќе биде Лајон Ивана Хаџиванова, која имаше можност свечената заклетва да ја даде пред третиот меѓународен потпретседател на Меѓународната асоцијација асоцијација на „Лајонс“ клубови, Лајон Хејнс Таузенд, кој деновиве е во посета на Македонија. Хаџиванова се обрати до сите присутни, меѓу кои беа и поранешните гувернери на „Дисктрикт 132“ Македонија, членови на актуелниот кабинет на гувернерот и други Лајонси.
Во светски рамки „Лајонс“ асоцијацијата постои скоро еден век, благодарение на Мелвин Џонс. Во Македонија првите клубови Лајонс клубот Скопје и Лајонс клубот Гази Баба се основани пред точно 20 години. Лајонсите се познати и како "Витези на светлината" бидејќи почетната и една од основните мисии е помагањето на лицата со оштетен вид. Најновата светска кампања која неодамна ја воведоа и во Македонија е борбата за превенција од дијабетес како една од најголемите закани и причини за смртност во светот. Нивното мото е дека секаде каде има потреба за помош има и Лајон кој се бори таа да биде дадена. Хуманата цел на членовите на Лајонс фамилијата е да служат на заедницата - со своето знаење, време, мрежа на контакти, работа, посветеност и секако и финансиски средства.
Церемонијата за воведување во членството ја отвори гувернерот на District 132 Македонија, Lion Михајло Ширгоски
Награди за спонзорирање на новиот клуб и значките на Guiding Lions-ите добија и Бисера Јордановска и Бојан Трифуновски
Познати членови на Лајонс асоцијацијата биле: Сир Едмонд Хилари, Хелен Келер, Бејб Рут, Џорџ Буш (постариот и помладиот), Ричард Никсон, Алберт Швајцер, Џими Картер, Кралот на Шпанија, Хуан Карлос, Амелија Ерхарт...
Во Македонија меѓу Лајонсите беа покојниот Тоше Проески, покојната кралица на ромската музика Есма Реџепова, а се уште е и пејачката Виолета Томовска