Северна Кореја лансирала уште еден балистички проектил, кој на крајот завршил во Јапонското море, тврдат јужнокорејските власти.
Ова е прва ракета лансирана по 15-ти септември. Проектилот имал дострел од 13.000 километри, најголем досега.
Јапонските и јужнокорејските власти соопштиле дека во текот на денот забележале зголемена радиоактивна активност, што имплицира дека тестовите биле на сила.
Во текот на вчерашниот ден, јапонската влада истакнала дека Пјонгјанг би можел да лансира ракета во наредните неколку дена.
Japan detects evidence pointing to possible North Korea missile test https://t.co/pUmMoxqHvx
— Jason™✰✰ (@JasonNdt3) November 28, 2017
Проектилот летал кон исток, а целата ситуација моментално ја истражуваат американски и јужнокорејски аналитичари.
Ракетата е лансирана од јужната провинција Пјонган. На граѓаните на Јапонија им е издадено предупредување да побараат засолниште.
Американскиот претседател Доналд Трамп бил известен за лансирањето на севернокорејската ракета, додека таа уште била во лет, напишала денес на Твитер неговата претставничка за медиуми.
.@POTUS was briefed, while missile was still in the air, on the situation in North Korea.
— Kayleigh McEnany 45 Archived (@PressSec45) November 28, 2017
Претседателот беше запознаен со ситуацијата во Северна Кореја, додека ракетата уште беше во воздухот, напишала Сара Сандерс.
Трамп во тој момент разговарал со републиканските членови на Конгресот.