Ким подготвува ултимативна провокација? Нѐ загрижуваат радарските сигнали од Северна Кореја

Точка

28/11/2017

15:16

1.403

Големина на фонт

а а а

Радарската активност во севернокорејската ракетна база влеваат страв дека Северна Кореја се подготвува за ново лансирање на ракета, пренесуваат јапонските и јужнокорејските медиуми.

Чо Мјоунг-Гјон, јужнокорејски министер за обединување, во текот на денешниот ден изјави дека има „значителни активности на северот“, но исто така и додаде дека јужнокорејската влада мора да почека и да види „дали тоа ќе заврши со тестирање на ракета, или пак станува збор за провокација“.

Северна Кореја ја алармираше меѓународната заедница со својата балистичка програма, но нема извршено ново тестирање на балистички проектил од 15-ти септември, што ја разбуди надежта дека сепак санкциите на Обединетите нации вродиле со плод.


Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ која што се повикува на владини извори, пренесува дека новиот радар бил пуштен во употреба во понеделникот во досега неидентификувана севернокорејска база, а истовремено телекомуникацискиот сообраќај во Северна Кореја се интензивирал.

Малкумина веруваат дека санкциите против Северна Кореја ќе ги натераат тамошните власти да се откажат од балистичката и нуклеарната програма, но САД, Јужна Кореја и Јапонија се надеваат дека барем Пјонгјанг ќе престане со тестирањата и со провокациите.

Откако Доналд Трамп пристигна во Белата куќа, реториката на САД во врска со ова прашање се заостри, американскиот претседател започна да разменува „остри навреди“ со севернокорејските власти, но исто така и се закани со „тотално уништување“ на Северна Кореја доколку продолжат провокациите.


Сеедно, Севера Кореја очигледно е дека продолжи да ја развива својата нуклеарна и балистичка програма, со оглед на тоа што оваа година беа изведени неколку тестови кои што внесоа немир посебно во Сеул и Токио.

Како одговор на тоа САД во повеќе наврати испратија свои војици на заеднички воени вежб со јужнокорејската и јапонската армија, симулираа бомбардирање на мети во Северна Кореја, а неодамна за прв пат во водите на Јапонското море во близина на брегот на Северна Кореја запловија три американски носачи на авиони кои што на севернокорејските власти требаше да ѝ ја демонстрираат моќта на американската армија.