Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 30 беа ранети во израелски воздушен напад во срцето на Бејрут, кој се случи кратко по предупредувањето на израелската војска за евакуација.
Повеќе од 900 лица се убиени во израелските напади низ Либан од 2 март, соопшти Министерството за здравство на земјата. Повикувајќи се на министерството, Националната новинска агенција на Либан (NNA) објави дека вкупниот број на смртни случаи помеѓу 2 и 17 март достигнал 912, додека 2.221 лица се ранети.
Израел објави почеток на нова „копнена операција“ во јужен Либан, при што проценките покажуваат дека неговите сили досега навлегле помеѓу седум и девет километри во Либан.
На 2 март, Хезболах почна да ги таргетира израелските воени позиции како одговор на континуираните израелски напади врз Либан, и покрај прекинот на огнот од ноември 2024 година и атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во Техеран.
Израел ја прошири својата кампања истиот ден со воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, како и врз областите во јужен и источен Либан, според светските агенции.
Медиумите потсетуваат дека Израел, исто така, започна ограничен копнен упад во јужен Либан на 3 март, откако на 28 февруари започна заедничка кампања со САД против Иран.








