Русија: Маските паднаа, Европа му го покажува на Трамп своето вистинско лице

Макфакс

18/03/2026

08:00

1.323

Големина на фонт

а а а

Рускиот претставник Кирил Дмитриев ги обвини европските лидери дека се противници на Доналд Трамп затоа што одбиле да ги поддржат напорите на САД да обезбедат слобода на пловидба низ Ормускиот теснец за време на застојот со Иран.

Во објава на платформата „Икс“, Дмитриев, одговарајќи на медиумските извештаи за европската позиција, рече дека оние што ги нарече „поттикнувачи на војна од ЕУ“ го откриле своето вистинско лице со тоа што одбиле да се приклучат на иницијативата на американскиот претседател за распоредување сојузнички поморски сили во регионот.

„Маските паднаа“, напиша Дмитриев. „Британските и европските поттикнувачи на војна покажуваат колку длабоко се против Трамп. Тие се обидоа да го сокријат тоа долго време, но сега сите можат да го видат.“

Изјавите дојдоа откако Трамп апелираше до голем број земји – вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја, да испратат воени бродови и да помогнат во враќањето на слободата на пловидба низ теснецот, бродска правец низ која минува околу една петтина од светската трговија со нафта.

Иако Лондон и неколку европски сојузници изјавија дека разгледуваат можни дипломатски и безбедносни мерки за стабилизирање на превозот во областа, никој сè уште јавно не се обврзал да учествува, потсетуваат медиумите.


Критиките на Дмитриев според аналитичарите ги истакнаа контрадикциите во ставот на Москва. Од една страна, Русија ги прикажа нападите на САД и Израел врз Иран како неиспровоциран чин на агресија и ја осуди кампањата во изјавите од своето Министерство за надворешни работи, дури и кога самата води војна во Украина.

Во исто време, коментарите на Дмитриев беа широко протолкувани како охрабрување на други земји да се приклучат на воена акција против Техеран – еден од клучните стратешки партнери на Москва.

Според написите, Иран ја продлабочи воената соработка со Русија од почетокот на нејзината целосна инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со беспилотни летала „Шахед“. Руските сили подоцна ги адаптираа во своите системи од серијата „Геран“, кои ги користат за да започнат континуирани напади врз украинските градови и клучната инфраструктура.

За време на ескалацијата на Блискиот Исток, американските претставници исто така тврдеа дека Русија му обезбедила на Техеран разузнавачки информации за американските воени позиции во регионот, вклучувајќи поморски бродови и авиони.