Казната доживотен затвор за Ратко Младиќ ќе биде делумна сатисфакција за семејствата на загинатите, убиени и измачувани, изрази надеж хрватската претседателка, Колинда Грабар – Китаровиќ, изразувајќи жалење што Младиќ не одговараше и за злосторствата извршени во Хрватска.
„Знам дека ништо не може да ги врати изгубените животи на илјадниците луѓе брутално убиени во Сребреница и на други места во Босна и Херцеговина, но исто така и во Хрватска. Жал ми е што не одговараше и за злосторства извршени во Хрватска“, рече хрватската претседателка по повод пресудата на Хашкиот трибунал за генералот Младиќ.