Изетбеговиќ: Младиќ е злосторник и кукавица

Макфакс

23/11/2017

00:36

837

Големина на фонт

а а а

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, по повод пресудата за генералот Ратко Младиќ, изрази надеж дека таа ќе донесе освестување. Тој додаде дека е уверен дека мнозинство босански Срби не се поистоветуваат со Ратко Младиќ и дека не ги оправдуваат неговите дела.

Во своето обраќање Изетбеговиќ уште еднаш ги повтори сите точки од обвинението по кои Младиќ е осуден на доживотна казна затвор нагласувајќи дека тоа го прави намерно за сите да се соочат со тоа.

„Судијата рече дека Младиќ во светот ќе остане запаметен како злосторник. Изразувам длабоко сочувство со жртвите на здружениот злосторнички акт во кој Младиќ беше извршителот“, рече Изетбеговиќ.

„Таков товар во иднина нема да се носи. Минатото е зад нас и треба да се повикуваме на него само ако има влијание за подобра иднина. Младиќ е злосторник и кукавица бидејќи само кукавиците убиваат и напаѓаат заробени жени, деца и цивили“, додаде Изетбеговиќ.

Тој изрази надеж дека пресудата ќе донесе освестување и, како што рече, прифаќањето на вистината е единствениот пат и начин за подобра иднина на оваа земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг