Што е флекситаријанство и зошто луѓето полудеа по оваа исхрана?

Точка

14/11/2017

20:30

4.568

Големина на фонт

а а а

Доколку сте заинтересирани како да го подобрите вашето здравје, исхраната, а воедно да не следите ригорозни правила, проверете што нуди флексибилната вегетаријанска исхрана - флекситаријанство.

Во денешно време на сите им е јасно дека балансираната исхрана, исто како и редовната рекреација е нешто што го надминува трендот. Станува збор за потребите кои ни се неопходни поради брзото темпо на живот. Многумина на работа постојано седат на столица, немаат физичка активност или за ручек одат во пекара, ресторан или ресторан за брз храна. Но, таквиот начин на исхрана не е здрав и од голема важност е постојано тоа да си го повторуваме. 

Поради тие причини, флекситаријанската диета за кратко време зеде голем замав во светот и сè повеќе започнуваат да ја практикуваат. За што се работи?

Како што кажува и самото име, станува збор за флексибилна исхрана, односно флексибилно вегетаријанство. Со други зборови, потребно е да внесувате различни видови на овошје и житарки, а притоа да не го отфрлите месото од вашата исхрана. Нутриционистката Џорџина Мур за австралиски магазин наведила неколку аргументи кои можеби ќе ве присилат да му пружите шанса на оваа диета.

За почеток, докажано е дека големата употреба на црвеното месо влијае на развојот на карцином на цревата, а употребата на зеленчук е корисна за вашиот дигестивен систем. Исто така со оваа диета не морате да речите дека повеќе нема да јадете месо, бидејќи денес ќе јадете месо, а следните два дена можеби нема да чувствувате потреба за истото.

Фактот кој треба да го споменеме е дека намалената употреба на месо е добра за околината, бидејќи месната индустрија е една од најголемите загадувачи. Доколку се одлучите на овој начин на исхрана, големи се шансите да станете повеќе креативни во одбирање на намирници и да јадете овошје на кое воопшто не сте му обраќале внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг