Toyota порачува: "Крај за бензинците и дизелашите во 2050-та година" - Што мислите, да, или не?

Точка

14/11/2017

13:22

1.965

Големина на фонт

а а а

Шефот на Toyota за истражување и развој на напредни технологии, Сеиго Кузумаки, ја изнел проценката на оваа компанија дека кон половината на 20-от век од патниот сообраќај ќе исчезнат моторите со внатрешно согорување. Што мислите за ова?

Јапонскиот производител моментално држи 12 отсто од автомобилскиот пазар во САД и околу 4 отсто во Европа, но затоа пак продава 43 отсто од сите електрифицирани возила на светот, пред се' модели со хибриден, односно plug-in хибриден погонски систем.

А прогнозата којашто ја соопштил Кузумаки е базирана врз основа на тоа дека производителите на автомобили од година во година ќе се соочуваат со се' поголеми ограничувања кога станува збор за емисијата на CO2 гасови, што и ќе го забрза развојот на возилата со погон на електрична енергија. Тоа на крајот ќе доведе до престанок на производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување на глобално ниво.

“Очекуваме дека до 2050-та година дозволената CO2 емисија кај автомобилите ќе биде намалена за 90 отсто во споредба со 2010-та година, вели Кузумаки за Autocar.


“За тоа да се постигне, потребно е за од 2040-та година да престанат да се произведуваат нови автомобили со чисто бензински и дизел агрегати, додека ќе биде возможно да се вградуваат само во хибридни или plug-in хибридни модели”.

Тoyota својот прв потполно електричен модел ќе им го понуди на купувачите до крајот на оваа деценија. Електромоторот ќе го напојува од литиум-јонски батерии, а автомобилот ќе поседува автономија во возењето од речиси 500 километри.


После 2020-та година, Toyota очекува дека ќе ја совлада технологијата на “solid state” батериите којашто би требало да донесе вистинска револуција во развојот и продажбата на моделите на струја, така што ќе бидат овозможени подобри перформанси кај електричните автомобили (поголем радиус на движење) но и батериите ќе бидат со помали димензии.

Што мислите вие за оваа прогноза, се согласувате, или сепак не?



Спонзорирани линкови

Маркетинг