Минала низ пекол: Јелена Докиќ открила страшни работи: Татко ми ме тепаше до крв и несвест

Точка

14/11/2017

10:59

3.685

Големина на фонт

а а а

Автобиографијата на поранешната тенисерка Јелена Докиќ, "Нескршлива", го потресла светот. Во неа открила страшни работи, опишала како нејзиниот татко Дамир ја мачел, и дека ја тепал уште кога имала шест години.

Автобиографијата уште не го видела светлото на денот, но британските медиуми имале увид во книгата, па објавиле некои страшни детали. 


Јелена Докиќ посебен акцент ставила на односот со својот татко, кој физички и емотивно ја малтретирал. Таа објаснува дека прв пат со таа тортура се сретнала уште кога имала шест години, а како минувало времето, нејзините маки биле сè поголеми. 


Во книгата Докиќ опишала дека нејзиниот татко ја тепал со колан кога лошо ќе го одработела тренингот, а не минувала и без шутирање по кое останувала крвава и модра. 


"Ме нарекуваше "ку*ва", а најлошо беше кога изгубив на турнир во Канада во 2000-тата година. Тоа е навистина болно сеќавање кое секогаш ќе остане со мене. Завршив во несвест. Страшно ме тепаше", навела Докиќ во книгата "Нескршлива". 


Таа ставила крај на тениската кариера во 2014-тата година, а најдобар пласман на ВТА листата и бил четвртото место. И предвидувале голема кариера, но не успеала до крај да го оствари својот потенцијал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг