Османи и Димитров се сретнаа со Могерини во Брисел

Макфакс

14/11/2017

10:20

405

Големина на фонт

а а а

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, задно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствариле средба со потпретседателката на Европската Комисија и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, во рамки на нивната посета во Брисел, информираат од Секретаријатот за европски прашања на Владата.

На средбата биле отворени темите за проширувањето на Унијата, предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, како и севкупните предизвици со кои се соочува континентот.

„Османи посочи на успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, истиот во целост да ги одрази барања на Унијата за реформи во Македонија кои во соодветен рок би биле имплементирани. Натаму, Османи ја пренесе интенцијата на Владата, храбро и позитивно да се посвети на заторањето на сите отворени политички прашања, како што и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија. Во тој контекст, Османи посочи и на очекувањата на Владата, но и на граѓаните на Република Македонија, за конретни чекори од стана на Унијата, кои би биле во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија“, стои во соопштението на Владата.

Тој изразил надеж дека се создадени соодветни услови за 2018 година да биде историска

година за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога очекува да се постигне напредок кој ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО во Македонија.

Во рамките на посетата, Османи и Димитров имаа и работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, каде реферираа за напредокот во исполнувањето на обврските кои потекнуваат од евроитегративните процеси, како и средба со Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.