Актерот од популарните серии “Malcom in the Мiddle” и “CSI: Miami” изврши самоубиство на 34 години

Точка

04/11/2017

16:23

8.095

Големина на фонт

а а а

34-годишниот актер Бред Буфанда кој се појавуваше во сериите како “Veronica Mars”, “Malcom in the Middle” и “CSI: Miami” извршил самоубиство, скокајќи од зграда во Лос Анџелес.

Телото го пронашле случајни минувачи кои веднаш повикале полиција и брза помош. Буфанда оставил проштално писмо во кое биле имињата на неговите родители и уште некои блиску луѓе, со порака “Ви благодарам”. 

Неговата менаџерка Кирстен Солем за медиумите изјавила дека оваа вест е за сите целосен шок и дека Буфанда никогаш не користел некои супстанци или покажувал некакви знаци дека пати од емоционални проблеми.


Домашната публика го памети Бред и по улогата во филмот “A Cinderella Story”, каде глумеше покрај Чед Мајкл Мјуреј.