Каталонија ќе предизвика верижна реакција ако се отцепи: Еве кој следен во Европа би можел да бара независност!

Точка

30/09/2017

16:14

13.690

Големина на фонт

а а а

Ширум Европа службениците внимателно, но и тивко и со нервоза ја следат ситуацијата околу планираниот референдум за независност во Каталонија, а големиот одѕив кој би можел да донесе потврден резултат од гласењето, може да ги охрабри и другите региони кои планираат отцепување, наведува "AP".

Трендот на сецесија на Европскиот континент би ја изложил Европската Унија на нов притисок и би донел потенцијал за предизвикување на нови насилства, оценува агенцијата. 

Сепак, повеќето европски лидери се воздржале од тоа јавно да заземат став за утрешниот референдум во Каталонија. 


И покрај тензиите зад завесите, тие се воздржуваат да ги поддржат каталонските сепаратисти, но ни премиерот Маријано Рахој кој настојува да го блокира гласањето. 

Поддршка за референдумот, иако тивко, покажала и премиерката на Шкотска, Никол Стерџен, која рекла дека целосно е легитимно Шпанија да се бори против независноста на Каталонија, но и дека "правото на самоопределувањето е важен меѓународен принцип, како и дека се надева дека тоа ќе биде почитувано и во Каталонија". 


Уште еден регион кој се стреми кон сецесија, Фландрија во Белгија, во референдумот гледа надеж и има симпатии кон обвиненијата на богатата Каталонија, која се жали што помага на сиромашните региони во Шпанија. 

Италијанската десничарска "Лига за север", која се заложува за поголема автономија на Ломбардија и Венето, ги осудила неодамнешните апсења на каталонските лидери. 


Неочекувана поддршка на каталонското движење за независност дал и претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој неодамна на референдум ги консолидирал своите овластувања, но добил критики од владата на Маријано Рахој. 

Посебно меѓутоа, констатира AP, се забележува молчењето на ЕУ во врска со развојот на случувањата во Каталонија, посебно што каталонските службеници апелирале до ЕУ да посредува во спорот со Шпанија. 

Одговарајќи на тие барања, Европската комисија повторила дека референдумот е внатрешно прашање на Шпанија и дека го почитува шпанскиот уставен поредок.