Полицијата на магистралниот пат Охрид-Кичево го уапси 43-годишен охриѓанец кај месноста „Петља“, откако во неговиот автомобил е пронајдена и одземена марихуана. Случајот е во процес на целосно документирање со поднесување на пријава.
На магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, вчера попладне полицијата го уапси 43- годишниот Г.Н.(43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.








