Шпанската полиција упаднала во технолошкиот центар на каталонската влада, објави радиото „РАЦ1“. Од друга страна пак, шпанската полиција и Министерството за внатрешни работи не ја потвдиле рацијата.
Судија вчера му нареди на Гугл да ја отстрани апликацијата која давала информации за референдумот за независност на Каталонија, кој шпанската влада го прогласи за неуставен и го забрани.
Откако ја поминаа ноќта во некои од училиштата одбрани за гласачки места, жителите на Барселона кои го поддржуваат утрешниот референдум, со разни активности и денеска ги бранат гласачките места.
Каталонската полиција добила наредба да ги испразни сите згради до утре наутро, на полицајците им било советувано да се воздржат од користење на сила, а како ќе одговорат 17.000 полицајци на таа наредба, се гледа како успех или пропаст на планираниот референдум, наведува АП.