Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд за време на натпреварот од германскиот Куп доживеа повреда на лигаментите на коленото поради која е надвор од комбинација веќе неколку месеци.
Иако се очекуваше Марко Ројс за кратко време да се врати на терените, крилниот напаѓач сепак одлучил враќањето да го одложи до март идната година. Овој фудбалер и претходно имаше повреди и поради тоа мораше да го пропушти Светското првенство во 2014-та година и Европското првенство минатата година.
Тој не сака да ризикува во пресрет на Светското првенство во Русија идната година, па поради тоа нема да заигра до март идната година кога би требало да биде максимално подготвен за враќање на терените.
Да потсетиме, Марко Ројс и минатата сезона имаше големи проблеми со повредите, па во германската Бундес лига одигра само на 17 натпревари и постигна 7 погодоци.