Речиси пет милиони лица доброволно се пријавиле да се приклучат или повторно да влезат во народната армија на Северна Кореја за борба против Вашингтон.
Севернокорејската државна новинка агенција "KCNA" пренесува дека најмалку пет милиони лица се пријавиле за борба против Соединетите Американски Држави. Во извештајот се тврди дека волонтерите сакале да испратат „милиони“ нуклеарни бомби за да ја збришат Америка.
„Ајде да испратиме 5 милиони нуклеарни бомби да го однесат царството на злото од Земјата и да не острават трага од САД“, пренесува новинската агенција "KCNA".
Околу 1,22 милиони жени, исто така, наводно ветиле дека доброволно ќе се пријават за војна против Американците. Меѓутоа, се уште не е јасно дали овој број е веќе вклучен во точно 4,7 милионите доброволци.
Оваа вест доаѓа во моментите кога тензиите се на максимално ниво помеѓу Северна Кореја и САД. Трамп во повеќе наврати вети дека САД воено ќе реагира доколку Северна Кореја продолжи да испраќа закани.
Деновиве американската и јужноамериканската армија одржуваат заеднички воени вежби, а во изминатите неколку седмици американски стратешки бомбардери го надлетуваа Корејскиот полуостров.
Поради тоа, од Северна Кореја се заканија дека ќе ги срушат американските авиони дури и ако не навлезат во нивниот воздушен простор. На ова реагираа од Пентагон и на властите од Пјонгјант им порачаа дека ако не престанат со провокациите, на американскиот претседател Трамп ќе му понудат воени решенија за решавање на проблемот.
Да потсетиме, неодамна тензиите се зголемија откако американскиот претседател, говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации, порача дека доколку Северна Кореја не престане со провокациите, САД ќе бидат приморани „тотално“ да ја уништат оваа земја.
Говорот на Доналд Трамп наиде на големи критики дури и од страна на неговите сојузници, како на пример Ангела Меркел и Германија, а секако, веднаш возврати и Ким Јонг Ун кој што порача дека „ќе стори се за Доналд Трамп скапо да плати“ поради неговиот говор во Обединетите нации.