Червар ќе го води тимот против Спортинг, Јовиќ побара од играчите да се трансформираат од мачиња во лавови

Дерби

28/09/2017

13:28

565

Големина на фонт

а а а

Металург со два уверливи порази во првите две кола ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, па не ни треба посебно да се говори дека младите играчи на нашиот вицешампион ќе влезат со голема мотивација во третиот сезонски дуел, оној против Спортинг кој за два дена се игра во „Борис Трајковски“.

Тимот од Автокоманда ќе го пречека португалскиот состав против кога ќе се обиде да дојде до првата победа во групата Д, а на денешната прес-конференција беше потврдено дека тимот од клупата ќе го води Лино Червар со што автоматски беа демантирани шпекулациите дека натпреварот против Бешикташ беше последен за него во македонкиот клуб.

Помошникот Александар Јовиќ информираше дека Червар е на состанок со ХРС, но јасно потенцираше дека Хрватот ќе се врати во Скопје оваа сабота.

– Саботниот натпревар на Металург и Спортинг носи фаворитска улога за гостите кои играат цврста одбрана и се брзи во транзиција. Во овој колектив сите имаат права и обврски, клубот ги исполнил према нас, сега треба ние да го направиме тоа за публиката и за сопственикот на клубот кој инвестира. Треба да завршиме со криење од типот на „имавме лошо судење“ и од мачиња да станеме лавови. Треба да играме паметно во напад, со изградени шанси, тоа е нашиот пристап. Ја анализиравме играта со Бешикташ, играчите ги увидоа своите грешки, па треба подготвени да ја дочекаме средбата со Бешикташ. Проблем е кога имате млада екипа, треба играчите да го задржат континуитетот во играта, да научат каде грешат. Монпелје и Мотор Запорожје се фаворити за првите две позиции, ние ќе се потрудиме да дадеме максимум. Нашата млада екипа со овие натпревари ќе созрее. Ние создаваме играчи, како што рече Гонзалес, има други клубови за млади играчи. Тоа сме ние, – потенцираше помошникот на Лино Червар.