Пентагон проценува дека во случај на војна на Корејскиот полуостров, само на просторот на Јужна Кореја би гинеле по 20 илјади луѓе на ден.
Американскиот генерал Роб Гивенс во разговор за "The Los Angeles Times" даде свој коментар за моменталната криза на Корејскиот полуостров и за опасноста од избивање на војна со Северна Кореја.
Генералот Гивенс тврди дека Пентагон проценува дека доколку избие војна на Корејскиот полуостров, само на теритријата на Северна Кореја дневно би гинеле до 20 илјади луѓе и тоа без Северна Кореја воопшто да го употреби своето нуклеарно оружје кое што е во завршна фаза на развој.

Оваа изјава доаѓа непосредно откако американските стратешки бомбардери, во текот на викендот летаа најблиску до севернокорејските граници досега. Недолго потоа од Северна Кореја порачаа дека Американците им објавиле војна и од сега па натаму, тие го задржуваат правото да соборат американски авион дури и ако тој не лета во нивните воздушни граници.
Што се однесува до проценката на бројот на жртвите на Пентагон, сето тоа укажува дека една мала искра може да резултира со судир од голема магнитуда, а посебно голем број на жртви може да се очекува затоа што главниот град на Јужна Кореја - Сеул, е оддалечен на само 20 километри од границата со Северна Кореја.
Само во главниот град на Јужна Кореја моментално живеат околу 10 милиони луѓе, а во целата област околу градот каде што опасноста е најголема, живеат над 25 милиони луѓе.

Доколку избие војна, јасно е Ким Јонг Ун каде ќе нападне веднаш, а за да направи голема штета и да загинат огромен број на луѓе, на севернокорејскиот лидер не му е потребна нуклеарна бомба поради густата населеност во Сеул и неговата околина.
Се проценува дека во случај на војна, во една безизлезна ситуација во која што ќе се најде севернокорејскиот режим, ќе биде нареден жесток напад на јужнокорејскиот главен град кој ќе биде напаѓан со сите расположливи средства, а постојат и гласини дека Северна Кореја поседува и хемиско оружје.










