Северна Кореја добива руска нафта: Путин тајно му помага на режимот на Ким Јонг Ун?

Точка

22/09/2017

12:47

5.380

Големина на фонт

а а а

Анализата на „Ројтерс“ покажува дека само во текот на оваа година, најмалку осум севернокорејски танкери од Русија пристигнале во Северна Кореја, иако навеле сосема друга дестинација.

На тој начин, властите од Пјонгјан успеваат да ги заобиколат постоечките меѓународни санкции кои што се воведени поради нуклеарната програма, додека пак, како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, од друга страна, Русија на тој начин го изиграла целиот свет.

Осум танкери кои што испловиле од руските пристаништа на далечниот исток, носеле од 500 до 2000 тони товар, а бродовите кои што испловиле од Владивосток превезувале дизел, открива извор од тамошните пристаништа за британската новинска агенција.


Танкерите биле лоцирани во севернокорејските води Кимчек, Чонџин, Хунгнам и Наџин, иако како нивно одредиште биле наведени Кина и Јужна Кореја. Податоците до кои што стигнале новинарите на „Ројтерс“ отриваат дека ниту еден руски брод не пристигнал во Кина или Јужна Кореја.

Од руското Министерство за надворешни работи конкретно се немаат изјаснето во врска со овие тврдења, а од порано од таму имаат изјавено дека санкциите се почитуваат. Сепак во првиот квартал од 2017-та година, вкупниот обем на трговија помеѓу Русија и Северна Кореја наводно пораснал за повеќе од 100% и достигнал вредност од 31,4 милиони долари.

Донлд Трамп на маргините на состанокот во Обединетите нации, неколку пати повтори дека Русија и Кина мораат да сторат се за да го натераат Ким Јонг Ун да се откаже од нуклеарната програма и од провокациите.


„Ако навистина сакате да бидете дел од борбата против отпадничкиот режим, тогаш направете го тоа“, наводно им порачал Трамп на руските и кинеските претставници.

Од друга страна, висок функционер од Белата куќа изјавил: „Ако Кинезите го исполнат ветувањето и ја сопрат испораката на нафта во Северна Кореја, Ким Јонг Ун ќе се сврти кон Русија. Ако ги сопреме на едно место, тие ќе се свртат на друго. Тоа е фрустрирачки“.