Најскандалозниот говор во ОН не бил на Трамп: Кастро зборувал со часови, Уго Чавез се крстел, додека Гадафи ги напаѓал сите

Точка

21/09/2017

17:37

2.839

Големина на фонт

а а а

Кога 193 лидери ќе се соберат на Генералното собрание на ОН, може се да се очекува.

Американскиот претседател Доналд Трамп бил задоволен со своето прво обраќање на Генералното собрание во ОН, во кое се заканил со целосно уништување на Северна Кореја, а кое предизивикало вознемирување кај светските лидери. Сепак, обраќање слично на неговото се слушнало и во минатото. 

"Мислам дека говорот мина многу добро. Го кажав тоа што морав да го кажам", рекол Трамп по излегувањето од салата. 

Тој додал дека мисли дека Обединетите Нации имаат голем потенцијал. 


Во неговиот говор долг 41. минута, медиумите пишуваат веќе со денови, ги анализираат неговите движења и зборови. Но, иако светот бил шокиран и со самиот избор на Трамп, тој ги шокирал и на говорницата на ОН, повторувајќи го тоа што го кажал на предизборната кампања. 

Меѓутоа, кога ќе се соберат 193 лидери на Генералното собрание на ОН, може се да се очекува. Трамп не е првиот претседател кој остро зборувал на говорницата, многумина пред него со своите изјави предизвикувале "бура" во светот. 

Во теорија, говорот требало да биде долг најмногу 15 минути, иако тоа никогаш не е строго одредено, што лидерите го искористуваат. Така говорите од 15 минути се продолжуваат во часови. 

 Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро држел говор 4,5 часа, додека либискиот лидер Моамер Гадафи во 2009. година за своето обраќање искористил еден час и 36 минути. 

Во текот на тие говори имало излегување од салата, храбри изјави, ривалски говори... 

Сепак, еден од повпечатливите настапи имал покојниот претседател на Венецуела, Уго Чавез. Имено, ден пред него, пред Генералното собрание на ОН се обратил тогашниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот. 

Следниот ден, кога на говорницата застанал Уго Чавез, неговите зборови ги блокирале сите. 

"Вчера ѓаволот беше тука...уште се чувствува сулфур", рекол Чавез додека во меѓувреме се крстел.