Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.
Датумот на одржувањето на маратонот е 6. мај 2018 година, а од денес 14.септември, со почеток во 10.00 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците. Секој кој ќе се пријави во првите четир дена, до недела, 17.септември, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.
Пријавувањето и регистрацијата за „Виз Ер Скопски Маратон 2017“ ќе може да се изврши преку официјалната веб страна, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, покрај „Женска трка“ и „Виз Ер Скопски маратон“, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8. октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.