Трамп: Доколку во Северна Кореја има воена акција, тоа ќе биде многу тажен ден за таа земја

Макфакс

07/09/2017

23:04

581

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека би сакал да избегне воена акција како решение за нуклеарната криза со Северна Кореја.

Тој нагласи дека претходните дипломатски обиди не успеале да ја запрат Северна Кореја во развојот на нуклеарната програма.

„Воената акција во секој случај е опција. Дали е тоа неизбежно? Ништо не е неизбежно“, рече Трамп и додаде дека повеќе би сакал да се одбегне воената акција.

„Доколку во Северна Кореја има воена акција, тоа ќе биде многу тажен ден за таа земја“, нагласи Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг