Пјонгјанг: Во случај на санкции, ќе преземеме силни контрамерки

Макфакс

07/09/2017

14:55

665

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја денеска се закани дека ќе преземе силни контрамерки како одговор на притисокот на САД или какви било нови санкции кои евентуално би ѝ биле наметнати поради програмата за тестирање на ракетниот систем и ги обвини САД дека сакаат војна.

„Ќе одговориме на варварскиот заговор за санкции и притисок од САД со сопствени силни контрамерки“ се наведува во соопштение.

Во соопштението на севернокорејската влада обвиненија се упатени и на сметка на Јужна Кореја и Јапонија дека го користат рускиот форум во Владивосток за водење расипана политика наведувајќи дека тој настан е наменет на разговорите за економска соработка во регионот, а не за критиките на нејзината програма за ракетно тестирање.

Тоа ветување следува по барањето на САД од Советот за безбедност да воведе нови санкции за нафта на Северна Кореја да ѝ забрани извоз на текстил, вработување работници од Северна Кореја во странство и на Ким Јонг-ун да му се забрани патување и да му се замрзне имотот.

Инаку, рускиот претседател денеска претходно изјави дека кризата на Корејскиот Полуостров нема да ескалира во големи размери со нуклеарно оружје, предвидувајќи дека, сепак, ќе надвладее здравиот разум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг