"Никој не може да нè сопре": Десетици илјади Севернокорејци на улиците го славеле најмоќниот нуклеарен тест

Точка

07/09/2017

12:59

2.839

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја во средата организирала масовна свеченост во чест на научниците кои се заслужни за најмоќното нуклеарно тестирање во историјата на земјата, со два огномета и огромен собир во Пјонгјанг.

Жителите на главниот град се собрале за да аплаудираат на конвојот автобуси кој ги пренесувал научниците. Групата веела знамиња и фрлала конфети на научниците по нивното доаѓање на плоштадот Ким Ил Сунг. 

На транспарентите можело да се прочита "Му оддаваме најголема почит на Ким Јонг Ун, врховен лидер кој на корејскиот народ му го подари најголемото достигнување во историјата" и "Никој не може да не сопре во нашиот пат кон идинината".

Шестото севернокорејско нуклеарно тестирање предизвикало поплава од осуди. САД, Јужна Кореја и Јапонија бараат заострување на санкциите на ОН.




Спонзорирани линкови

Маркетинг