Приоритет на бугарското претседавање со ЕУ ќе биде поддршката за Западен Балкан

Макфакс

04/08/2017

13:17

354

Големина на фонт

а а а

Приоритет на бугарското претседавање со ЕУ ќе биде поддршката на земјите од Западен Балкан на патот кон членство во Унијата, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Сараево.

Таа дополни дека Бугарија и Романија како земји членки на ЕУ се залагаат за развој на другите држави во регионот.

„Моја цел е да ги обиколам сите земји од Западен Балкан и да разговарам со претставници на владите и на локалните самоуправи“, потенцира Захариева.