САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е пример за тоа како разликите може да се решат мирно

Макфакс

02/08/2017

14:20

248

Големина на фонт

а а а

САД им честитаа на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

„Овој важен, прогресивен договор ги признава веќе силните врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно“, се наведува во соопштението на Стејт Дeпартментот.