Атолот Бикини, точка во Тихиот океан на која САД вршеле нуклеарни тестирања пред повеќе од 70 години, сега е богат екосистем, преполн со растителни и животински видови.
Научниците известуваат дека на Бикини се развиваат корали големи како автомобили, а дека околу нив кружат сосема здрави ајкули и риби, па дури и краби, кои јадат кокоси преполни со радиоактивни материјали.
Истражувањето кое било спроведено за потребите на документарецот "Big Paficic" на мрежата PBS било фокусирано на проверка на претходни извештаи според кои кратерите од хидрогенските бомби го населуваат мутирани ајкули, на кои им недоставува втората грбна перка.
Стив Палумби, професор по биологија на Стенфорд, со својот тим ги проучувал ефектите на радијација на морскиот свет во атолот Бикини. Тој ги опишал флората и фауната на овој остров како "неверојатно отпорни".
Полумби вели дека популацијата на риби напредува затоа што никој не ги допира. "На чуден начин, тие се заштитени со историјата на ова место. Тоа е многу чудно", вели тој.
На коралите како воопшто да не им пречи високата радијација, а научниците сега се обидуваат да утврдат како овие колонии опстануваат , со помош на ДНК секвенцирање. Истражувањето би можело да има примена и во медицината.
"Ако дознаеме како коралите успеваат да живеат во кратери преполни со радијација, можеби ќе откриеме нешто за тоа како да ја заштитеме ДНК од мутации", вели Палумби.
Иако природата тука е бујна, областа и натаму е опасна за луѓе, а според ОН, штетата е неповратна. Луѓето кои се изложуваат на таква радијација се под голем ризик од рак.