Даниел Рикардо е нетрпелив за големите брзини низ летечките кривини и големиот физички напор кој со себе го носи Автодромот Силверстон. Австралиецот ја запона својата Формула 1 кариера токму на оваа легендарна британска патека.
„Јас всушност го направив своето деби на оваа патека и поради тоа истата секогаш ќе биде посебна за мене. Возам во Силверстон откако се тркав во Британската Формула 3 и секогаш сум уживал во големите брзини на комбинацијата Копс, Маготс, Бекетс и Стоув. Тој дел од целиот автодом е сериозно еден од најдобрите во спортот“, појасни Рикардо.
Овогодинешните болиди се многу побрзи од ланските, така да “летањето“ преку Копс треба да е неверојатно.
„Годинава брзиот Силверстон ќе биде уште подобар и мислам дека Копс ќе биде под полна гас и навистина напнато. Ќе има многу Г-сили во брзиот сектор и дефинитивно најголемиот физички предизвик во текот на сезоната.
Фановите овдека се неверојатни, сме се тркаче во неверојатно луда атмосфера, но често изненадување правел и диждот кој знае цел ден да врне. Фановите се вистински моторспорт љубители и навистина лојална група на луѓе“.