Во Мексико пронајдена кула направена од човечки черепи: Мрачното археолошко откритие ги изненадило научниците поради еден детал

Точка

03/07/2017

11:56

7.121

Големина на фонт

а а а

Ова е второ големо откритие во Мексико во помалку од еден месец...

Археолозите во Мексико, во областа на поранешниот центар на цивилизацијата на Ацтеките пронашле структура која содржи повеќе од 675 черепи на мажи, жени и деца.

На подрачјето на Мексико Сити по една ипол година истражувања пронајдена е "кула" изградена од човечки черепи. Археолозите сметаат дека станува збор за структура Huey Tzompantli, за кои се верува дека ги граделе Ацтеките од черепите на починатите војници, а во записите се споменуваат и шпански освојувачи. 


"Шпанскиот војник АНдрес де Тапиа ја забележал структурата во 1521-ва година", изјавил за Reuters архологот Раул Барера.

Тогаш напишал дека кулата се состои од илјадници черепи, а истражувачите веруваат дека наскоро ќе ги пронајдат сите. 

"Шокирани сме, ова е досега незабележано откритие"...


Научниците изјавиле дека ова откритие ги запрепастило бидејќи до сега верувале дека черепите на ваквите структури им припаѓаат само на мажи - воини убиени во борбите. 

"Очекувавме само черепи на мажи, не мислевме дека и жените и децата одат во војна. Ова е досега незабележано откритие, прв ваков Huey Tzompantli", изјавил антропологот Родриго Боланос. 

Ова е веќе второ големо откритие во Мексико за помалку од еден месец. Во јуни, истражувачите откриле игралиште на Ацтеките под хотел. На него нашле 32 различни вратни коски за кои веруваат дека им припаѓале на жртвувани спортисти.


Погледнете го видеото: