Нема деколтеа, танцување, ни бакнување на претседателот: Ова се строгите правила од протоколот на инаугурацијата

Точка

23/06/2017

15:20

6.270

Големина на фонт

а а а

Се е подготвено за инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, која ќе се одржи денес во Палата Србија, и на која ќе присуствуваат околу 5.000 луѓе. Ќе може да му честитаат ислучиво државници, а секој не ги почитува правилата за облекување, нема да може да влезе.

Кој ќе честита и како? 

Како што наведува високопозициониран српски дипломат, а пренесува Blic, се очекува дека нема сите 5.000 службеници да можат да му честитаат на претседателот. Таа чест ќе им припадне само на државниците, додека останатите треба да бидат почестени со тоа што се поканети. Правилото е да се ракуваат со претседателот и да не се задржуваат повеќе од десетина секунди. Бакнежи и прегратки не се дел од дипломатскиот протокол. 

Движење на приемот

Бидејќи нема да собере 5.000 гости во една сала, планирано е тие да циркулираат низ неколку салони и холови. Секоја сала ќе биде различно декорирана, инспирирана од одреден дел на Србија, а ќе се служи и храна специфична за тоа поднебје. 

Облекување

Според строгиот дрес-код, жените мора да носат коктел елегантни тоалети, кои ќе бидат со пристојна должина, и кои не би требало претерано да го истакнуваат деколтето. Мажите ќе може да носат исклучиво црни или темни одела, така што бели и светло сиви не се добредојдени на инаугурацијата. 

Дали е дозволено танцување

На инаугурацијата е најавен настап на трубачот Дејан Петровиќ, но и покрај тоа нема да се смета за примерно ако некој од гостите почне да танцува или претера со алкохол. 

Во холовите во салата ќе има уметнички поставки од неколку музеи. Една од нив е изложбата на 17 римски императори родени на територија на Србија. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг