Трамп со порака до Катар: Престанете да го финансирате тероризмот!

Точка

10/06/2017

12:35

3.035

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повика емиратот Катар кој што е во дипломатски спор со соседните земји во Персискиот залив да ја реши кризата така што ќе сопре да го финансира тероризмот.

„За Катар сакаме да се врати во заедницата на одговорни нации. Бараме Катар и другите нации во регионот да сторат повеќе во борбата против тероризмот и тоа да го сторат што е можно поскоро“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп.

Меѓу другото, Доналд Трамп на прес-конференцијата во Вашингтон порача дека САД ќе го реши проблемот со Исламската држава и со другите терористички организации и додаде дека бил остварен напредок за време на неговата посета на Саудиска Арабија каде што разговарал со челниците на муслиманските земји.

„Престанете да го финансирате тероризмот, престанете да поттикнувате омраза и престанете да убивате“, порача Доналд Трамп од Белата куќа.


Претходно американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја повика Саудиска Арабија и останатите земји од Заливот да ја ублажат блокадата на Катар, истакнувајќи дека истата предизвикува непосакувани хуманитарни последици и влијае на борбата против Исламската држава.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет во понеделник соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со оваа мала земја која што ја обвинуваат дека го финансира тероризмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг