ЦИВИЛ – Центар за слобода објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието на 27-ми април.
На фотографиите е групата напаѓачи на пратеникот Зиадин Села.
Според доверливи извори, едно лице кое се наоѓа на овие фотографии сè уште не е идентификувано.
ЦИВИЛ ги повика институциите да ги извршат своите законски обврски и да ги приведат извршителите, организаторите и нарачателите на овој акт на тероризам.